Утрово најладно е во Берово каде се измерени -4 степени.Следуваат -1 Лазарополе, 0 Крива Паланка, Струмица, 1 Битола, Штип, Претор, 2 Тетово, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Велес, Попова Шапка, 3 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 4 Демир Капија, Виница, Крушево, Маврови Анови.
Сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.