Во автобусите на ЈСП луѓето натискани еден до друг, без дистанца и во опасност да станат нов кластер

Во Македонија повторно се воведе полициски час, поради зголемените бројки од Ковид заразени лица. Од минатата недела и угостителските објекти, фитнес центрите, казината и обложувалниците имаат забрана за примање на гости, што дополнително му создава потешкотии на секторот за опстојување во оваа криза.

Но, во автобусите на ЈСП луѓето натискани еден до друг се возат, без дистанца и во опасност да станат нов кластер.

Фотографијата која беше објавена на Фејсбук ја покажува реалната состојба.