Во авионите на „Wizz Air” и рачниот багаж ќе се плаќа

„Wizz Air” по примерот на својот главен конкурент Ryanair најави дека рачниот багаж во авионите, кој сакате да го качите со вас, ќе се плаќа. Според компанијата новото решение ќе го направи качувањето на патниците во авионот побрзо.

Според новата политика на авиопревозникот, која ќе стапи на сила од 1 ноември, бесплатно ќе може да се качува во авионот исклучиво багаж со димензии до 40х30х20 см што е приближно колку чанта или торба за лаптоп.

За секој поголем рачен багаж патниците ќе треба да си купат налепница “Wizz Priority”, чија цена започнува од 5 евра. Предметната налепница ќе овозможува качување на багаж со димензии до 55џ40џ23 см. Со него ќе е можно и приоритетно чекирање и качување во авионот. Во последниве месеци авиопревозникот дозволуваше бесплатно качување рачен багаж, но во багажниот простор. Од 1 ноември оваа опција е отфрлена. Качувањето на чекиран багаж со тежина до 10 кг пак ќе е можно со налепница, чија цена почнува од 7 евра.