
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека во месец април годинава е забележан намален број на поднесени приговори поврзани со системот „Безбеден град“ (Safe City), односно со издадените прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци.
Во текот на април 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје поднесени биле вкупно 38 приговори за поведување прекршочна постапка. Од нив, 6 биле поднесени од правни лица, додека 32 приговори се од физички лица.
Како што се наведува во соопштението, во последниот месец значително се намалил бројот на граѓани и правни лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд.
Воедно, судот посочува дека во овој период се завршуваат и постапките по претходно поднесените приговори.