Во април издадени за 34,7 отсто повеќе одобренија за градба од април лани

Двесте триесет и три одобренија за градба се издадени во април годинава со кои е предвидена изградба на 233 објекти со предвидена вредност од 3.449.894 илјади денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика во април 2021 година се издадени  за 34,7 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот месец од претходната година, а предвидената вредност е за 5,7 отсто пониска во однос на април претходната година.

Од издадените одобренија за градење, 149 или 63,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 24 или 10,3 отсто за објекти од нискоградба и 60 или 25,8 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 233 објекти, на 117 или 50,2 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 116  или 49,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 55 104 метри квадратни.