Во април издадени 173 одобренија за градење, ќе се градат нови 835 станови

Во април годинава се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9  проценти помалку во однос на април лани. Најголем број, 36, има за Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 25, додека во останатите региони бројката се движи од 15  до 18, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење во април, предвидената вредност на објектите изнесува 3 657 228 000 денари, што е за 31,1 процент помалку во однос на истиот месец од претходната година.