
Во Амбасадата на Велика Британија во Скопје, вчера традиционално беше одбележа Василица, со делење пита со паричка меѓу вработените.
Според објавата на амбасадата, годинава паричката се паднала кај амбасадорот Метју Лосон.
„Денес во Амбасадата традиционално ја одбележавме Василица и поделивме пита со паричка со колегите. Јас ја имав таа среќа да ми се падне! Да донесе среќа, здравје и убави моменти во текот на целата година“, напиша амбасадорот Лосон.
Од Амбасадата додаваат дека оваа традиција се одржува секоја година со цел почитување и приближување на локалните обичаи и култура.