Во акциска контрола на МВР одземени шест мотоцикли

Министерството за внатрешни работи утрово информираше дека во акциска контрола спроведена во Скопје во текот на изминатата ноќ одземени се шест мотоцикли. Од страна на полициските службеници било констатирано техничка неисправност за утврдување на бучава, царински прекршоци и возење без возачка дозвола. 

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12. 05. 2019 година во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по  прекршоци што ги чинат возачи на  моторцикли.

Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните  прекршоци  што ги чинат возачи на моторцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , шест моторцикли се одземени привремено под сомнение за техничка неисправност за утврдување на бучава , за два од мотоциклите постои сомнеж за сторен царински прекршок , откриени се  пет прекршоци сторени од возачи на моторцикли и тоа : управување без возачка дозвола, измината важност на сообраќајна дозвола, изгубена или оштетена регистарска табличка, неносење на возачка дозвола и управување без заштитен шлем (кацига).

Во однос на погоренаведените прекршоци издадени се четири платни налози за наплата на глоба и еден мандатен платен налог за наплата на глоба, а дополнително се откриени  уште десет останати прекршоци, за шест од нив издадени се мандатни платни налози за наплата на глоба, а за четири прекршочни   платни налози за наплата на глоба.