Во Аеродром уапсен затвореник кој избегал од затвор во 2015 година

На подрачје на Аеродром синоќа околу 22:40 часот  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од скопското село Мојанци.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.