Во Аеродром се поплочуваат нови површини за паркирање

Општината Аеродром реализира инфраструктурни активности и деновиве продолжува со редовната санација на пешачките патеки.
Исто така се работи и на поплочување нови површини, а целта е да се создадат нови паркинг-места.

– Деновиве се работи кај трговскиот центар „Три бисери“, каде што се врши поплочување на нов простор, со што ќе се обезбедат нови паркинг-места за потребите на жителите од тој дел на општината.
Исто така, службите вршат редовна санација на пешачките јавни површини во непосредна близина на детската градинка „Лале“ во населбата Јане Сандански.