Во Аеродром се отстрануваат непрописно паркираните возила

Во Аеродром продолжува отстранувањето на непрописно паркираните возила во сите делови на општина. 

- Чистењето на просторите кои се наменети исклучиво за граѓаните е наш врвен приоритет и затоа ја повторуваме заложбата дека правилата треба да се почитуваат. Инспекциските служби на Општина Аеродром секојдневно се на терен и интервенираат секаде каде што е потребно. Секое возило кое ќе биде затекнато на плочниците помеѓу зградите, како и на зелените и други јавни површини, ќе биде отстрането, а сопствениците соодветно санкционирани, велат од локалната самоуправа. 

- Истовремено, ги известуваме граѓаните дека ги преземаме сите чекори за завршување на правните процедури и изнаоѓање на локација за долгорочно одложување на хаварисаните возила од паркинзите, кои зафаќаат голем број паркинг места низ општината. Наскоро, овој проблем ќе биде минато за аеродромци, информираа од општина Аеродром.