Во Аеродром ќе се гради голем фудбалски стадион, со радост соопшти Муцунски

Градоначалникот на Аеродром најави огромен спортски проект во општината.

- Денеска остварив работна средба со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Тема на разговор беше фудбалската инфраструктура во Општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ - напиша Муцунски на Фејсбук. 

Тој додава и дека било зборувано за почеток на голем проект кој ќе биде обележје на едно време, нагласувајќи дека тој и општината, како локална самоуправа ќе дадат максимална поддршка за овој проект и ќе направат сè во нивна моќ да се реализира.

- Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот во општината и токму затоа се ваквите проекти. Верувам дека во блиска иднина ќе започнеме со активности - додава Муцунски. 

Овој стадион ќе биде гордост на Општина Аеродром, но и на целата држава.

- Спортот најмногу го обединува народот, па затоа се нафативме на овој чекор. Преку спортскиот и патриотскиот дух ова место ќе биде симбол на успеси, заедништво, сплотеност и многу нови победи! - вели тој.