Во Аеродором се чистат дивите депонии

Градоначалникот на општината Аеродором, Златко Марин, на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа тешка механизација како расчистува градежен шут и смет. Тој со порака информираше дека се чистат диви депонии низ општината. 

Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар - Аеродром.
Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот канал, како и диви депонии во Долно Лисиче.
Општина Аеродром истовремено ги охрабрува граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број ‎075-316-515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и викенди.