Во 2022 година откриени 124 дела на корупција со штета над 227 милиони денари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за ТВ Плус ја дефинираше борбата со корупцијата како еден од стратешките приоритети на МВР и на државата.

- Во самиот старт на преземањето на раководењето со МВР ја поставивме работата на три принципи: целосна професионализација, департизација и декриминализација. На основа на тие принципи ги утврдивме и стратешките приоритети, како борбата со организираниот криминал и корупција, борбата против тероризмот и сајбер криминалот и борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, потенцираше министерот Спасовски, истакнувајќи дека со добрата поставеност доаѓаат и резултатите.

Министерот Спасовски образложи дека има 18% зголемување на откриените кривични дела за 2022 година, со намалување на севкупниот криминалитет од 6% проценти. Тој посебно ги истакна резултатите во борбата со корупцијата со над 50% зголемена откривачка функција од 2021 наваму.

- Само во 2022 година во борбата со корупцијата имаме откриено 124 коруптивни дела со над 164 сторители кои причиниле материјална штета од над 227 милиони денари. Најголемиот дел од овие коруптивни активности се во државната и јавната администрација и јавните претпријатија. МВР има план како во иднина уште поинтензивно да делува во борбата против корупцијата, министерот Спасовски посочи дел од резултатите во борбата против корупцијата.

Според него посебно е важно да се подигне јавната свет, па граѓаните да пријавуваат и да не бидат соучесници во коруптивни дејства, а ја потенцираше и улогата која медиумите ја имаат во унапредување на јавната свет, како многу важна алка во борбата со криминалот на целото општество.