Во 2021 отворете го своето срце за љубов со магија, искри и огномети

Дајте си шанса да сакате, посилно од било кога, без страв и задржување.

Дозволете им на луѓето да ви се приближат. Прифатете ги онакви какви што се и сакајте ги нивните маани и доблести. Животот ни носи многу луѓе кои само треба да ги препознаеме и да им дадеме шанса, да не се плашиме дека повторно ќе бидеме повредени.

Соберете храброст да си дадете шанса, да го следите и послушате своето срце и да сакате со сета своја душа. Плачете кога мора, скокајте од среќа кога некој ви ја изјавува својата љубов и никогаш не се откажувајте од своите чувства, бидејќи тие се ваши и ничии други и никој нема право да ги мери и да ви кажува што е најдобро.

Признајте си кога ќе направите грешка, кажете збогум кога веќе нема љубов, но кажете и добредојде на љубовта кога ќе почувствувате искра во вашите очи и оган во вашето срце. Не морате да знаете сè, ниту да ги знаете сите одговори, ниту еден писател или музичар не ја открил тајната на љубовта, но ваше е само да сакате. 

Не се држете цврсто до минатото, до луѓе кои биле тука, а веќе не се и никогаш нема да се вратат. Тие не го заслужуваат вашето внимание. Не прифаќајте половична љубов, долги денови на неодговорени пораки и повици, не прифаќајте не знам и можеби. Но, ако видите потенцијал во некоја личност, ако некој ве засмејува и ви носи радост, не бегајте од таквите чувства. Колку и да траат тука се, за да ви покажат што е љубов, како се сака и како можеме да бидеме сакани. 

Сонувајте за најубавата најголемата љубов во 2021. Но, дозволете и да влезе во вашиот живот и да остане.