Во 2021 година, збогувајте се со отровните луѓе...

Ако 2020 година ве научи нешто, тоа е дека животот е кршлив. Немате поим што ќе се случи утре, па затоа треба да го искористите секој можен ден. За да се чувствувате побезгрижно во 2021 година, најдобрата работа која можете да направите е да се збогувате со отровните луѓе и луѓето кои постојано ве трујат со негативни чувства и кои го прават вашиот свет помизерен. Заслужувате да се опкружите со луѓе кои го вадат најдоброто од вас, кои предизвикуваат насмевка на вашето лице, кои ве охрабруваат и поттикнуваат да ги остварите вашите соништа. 

Во 2021 година кажете им збогум на луѓето кои никогаш не се извинуваат, не признаваат грешки, не прават компромиси. Луѓето кои веруваат дека никогаш не грешат и кои не преземаат одговорност за своите дејства. Заминете си од оние кои никогаш не би направиле ништо за да бидат подобри луѓе. Кажете им збогум на луѓето кои секогаш ве обвинуваат дека преувеличувате кога ќе споделите некаква грижа со нив. Луѓето кои секогаш ви велат дека сте пречувствителни. Опкружете се со луѓе кои ги ценат вашите чувства и грижа. Ослободете се од луѓето кои мислат дека поседувањето големо срце е слабост, а не предност. 

Во годината која доаѓа, кажете им збогум на луѓето кои ги отфрлаат вашите чувства. Луѓето кои се однесуваат како да немате право да бидете тажни, затоа што на нив им било потешко или дека немате право да се гордеете со некој свој успех, зашто тие биле поуспешни. Бегајте од луѓе кои секоја работа ја претвораат во натпревар и кои прават да се чувствувате лошо за работи кои всушност треба да ви носат среќа. Бегајте од луѓе кои го искористуваат вашето меко срце, луѓе кои ви пишуваат само кога им треба услуга или рамо за плачење. Луѓето кои никогаш не се слободни и достапни кога вам ви е потребно нешто. 

Во 2021 година, збогувајте се со луѓето кои ви вршат притисок да правите работи на нивен начин. Луѓето кои постојано ви наметнуваат нивни желби. Збогувајте се со луѓе кои ги игнорираат вашите мислења и не го разбираат концептот на НЕ и НЕ САКАМ, кои одбиваат да ги земаат вашите мислења предвид, затоа што се грижат само за себеси. Во 2021 година, збогувајте се со луѓе кои ви даваат навреди кои навидум делуваат дека се комплименти, кои се среќни само кога вие сте несреќни. Збогувајте се со луѓето кои не сакаат да ви честитаат за успесите и кои сакаат да ве гледаат како мизерувате. Нивната љубомора е погласна од нивната љубов за вас.

Во 2021 година, кажете им збогум на отровните луѓе затоа што заслужувате да бидете опкружени со среќа. Заслужувате конечно да излезете од темнината.