Во 2024 година, подарете повеќе прекрасни спомени на луѓето кои ги сакате!

Подарокот е само предмет доколку не е подарен од срце. Ако подарокот е подарен од срце, тогаш тој станува повеќе од подарок. Тој станува спомен.

Новогодишната елка е само зимзелено дрво среде соба доколку не е накитена за да нѐ развесели и да го направи нашиот дом повесел. Ако е накитена, тогаш таа станува повеќе од украс, таа станува настан.

Новогодишната ноќ е само темниот дел од денот доколку немате некој кој посакувате прв да го прегрнете, бакнете и да му посакате сѐ најдобро. Ако имате – тогаш тоа е повеќе од обична ноќ. Тогаш станува ноќ за памтење.

Божиќ е само неработен ден ако во нашите животи нема љубов со која би се прославил овој ден. Ако има љубов, тогаш станува повеќе од обичен датум. Тогаш станува празник.

Затоа, оваа година обидете се на луѓето што ги сакате да им подарите што е можно повеќе спомени, домот да го украсите повеќе со хармонија, а потоа и со украси, со честитките да ја изразите вашата суштинска добронамерност, а не напамет научени фрази и секој ден да ширите љубов и разбирање.

Така секој ден ќе биде празник на љубовта, независно од календарот и кој празник го славите.

Така секој следна година ќе биде подобра година. Така ќе престанете да го барате Бог затоа што веќе ќе го носите во себе.

На здравје и ви посакувам среќна и подобра 2024 година!