Во 2018 година сепак ќе биде забележано и опаѓање на цените на некои од производи – еве за кои станува збор

Извештајот на DealNews, кој секоја година ги рангира цените и нивните промени во текот на годината, вели дека голем број на производи и услуги ќе бидат со покачени цени во новата 2018 година, но ќе биде забележано и опаѓање на цените на некои од производите, пишува Кајгана.

Што ќе биде поевтино?

Органски прехрамбени производи

Додека останатите прехрамбени производи ќе бидат со покачени цени, се очекува цените на органските производи да опаднат за неколку проценти. Најголемата причина за ова е фактот што неколку од најголемите производители на органска храна во светот беа купени од огромните светски корпорации.

4К телевизори

Ако ви е некоја утеха, во новата 2018 година ќе можете да си купите 4К телевизор за значително помала цена од онаа која досега беше актуелна на пазарот. Напредокот на технологијата и зголемувањето на бројот на производители направи цените на телевизорите да паднат.

Половни автомобили

Секоја година цената на половните автомобили опаѓа, па така ќе биде случајот и во наредната година. Оваа година беше забележан пад од 17% на цените на автомобилите кои се постари од 5 години. Во 2018 година се очекува цените да паднат помеѓу 20% и 50%.