Во 2009 исчезна Ангела од мариовско, никогаш не се дознаа околностите

Случајот со малиот Петар од мариовско, за жал, нè потсети на еден друг настан од пред 13 години, исчезнувањето на Ангела Ѓоргиоска од селото Дуње, мариовско. Петар е од селото Врбјани и веќе трет ден е во тек потрагата по ова дете. 

Потрагата по Ангела траеше со месеци, а девојчето како да беше пропаднато во земја. Последни ја имаа видено нејзините роднини, братучетката и пријателите кај кои биле на гости, по што девојчето излегло од нивниот дом и оттогаш ѝ се губи секоја трага. 

За жал, овој случај имаше трагичен исход, бидејќи во 2010 година беа пронајдени коски кои според ДНК-анализата одговараа на профилот на Ангела, иако нејзиното семејство никогаш не ги прифати тие резултати и не веруваше во истрагата. 

Потрагата по Петар продолжува и понатаму. Момчето има 10 години и последен пат го виделе неговите браќа, кога полнеле вода.