Во 18 часот Заев и Мицкоски заедно кај Пендаровски

Вечер.мк неофицијално дознава дека попладнево во 18 часот веќе е закажана средбата на лидерите на двете најголеми политички партии во земјата Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кај претседателот Пендаровски. 

Инаку, на денешното обраќање до јавноста претседателот Пендаровски ги повика лидерите на најголемите партии во власта и опозицијата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, уште денеска да се сретнат и да најдат излез околу несогласувањата во врска со датумот на изборите.

„Сакам да упатам јавен повик до претседателите на најголемата партија во власта, Зоран Заев и најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуација, со ставање на државните интереси над личните и партиските“, рече Пендаровски и додаде дека во спротивно би можело државата да биде втурната во политичка криза што би ја загрозило европската перспектива и напорите за надминување на корона кризата.