Внимавајте: Во Грција, за возење во влечки се предвидува парична казна од 50 евра

Според законските прописи во Грција, за возење во влечки се предвидува парична казна од 50 евра, но уште полошо е што полицијата може да ја земе возачката дозвола на еден месец поради овој прекршок.

Ова е особено непријатно за нашите туристи што патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во влечки или отворени чевли е забрането бидејќи може да му пречи на возачот за време на маневрирањето, а полицијата, освен главните патишта, ги контролира и приодите кон плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува и за алкохол, неврзување појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.

Грчката метеоролошка служба најави тропски температури до 40 Целзиусови степени во наредните денови.

Министерката за туризам, Елена Кунтура, кажа дека повеќе од 4,5 милиони туристи ја посетија Грција во првите пет месеци од оваа година, што е 20,4 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.