Внимавајте: Веднаш избишете го датумот на раѓање на Фејсбук

Ако на вашиот Фејсбук профил покрај другите инфомации стои и датумот на вашето раѓање, веднаш избришете го бидејќи е идеална мета за хакерите.

Поточно, компјутерските криминалци на Фејсбук се обидуваат да пронајдат што повеќе лични податоци за луѓето, а датумот на раѓање е податок кој им е од корист.

Во изминатата година бројот на сајбер криминални дела се зголемил за 57 проценти, а повеќето од нив се случиле преку социјалните мрежи.

Сајтовите кои хакерите најчесто ги напаѓаат се Фејсбук, Твитер и Линкедин, а што повеќе информации објавувате, толку повеќе ги привлекувате.

Покрај датумот на раѓање, адресата на живеење, меилот и бројот на мобилниот телефон не се паметна идеја за на социјалните мрежи.