Внимавајте: Вечерва се очекува голомразица поради ниските температури

Внимавајте вечерва на феноменот „црниот мраз” или „црната поледица“, поточно појава на голомразица, која се очекува да настане поради ниските температури кои се очекуваат.

Токму голомразицата е еден од главните причини за сообраќајки од потешки размери кои најчесто се фатални.

Овој тип на мраз е специфичен поради тоа што се создава по топење на снегот и изгледа како тенко стакло врз самиот асфалт.

Поледицата може многу лесно да ги залаже возачите бидејќи мразот ја има примено бојата на асфалтот, па возачите не знаат дека тоа место на коловозот е опасно и при малку повисока брзина се случуваат катастрофални несреќи.