Внимавајте! Вечерва целосно се затвора дел од обиколницата кај Солун

Сообраќајната полиција во Солун најави привремена измена во режимот на сообраќај на внатрешната обиколница во градот. Вечерва, 14 септември, во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот изутрина, целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од обиколницата во правец кон граничниот премин Евзони (Македонија).

Затворањето се врши поради градежни активности поврзани со изградбата на новиот автопатски надвожњак „Flyover“.

Според информациите објавени во групата „Грчка инфо“:

- Правец кон Евзони (север): Сообраќајот ќе биде целосно пренасочен низ алтернативни градски улици и булевари, каде што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

- Правец кон Халкидики (југ): Сообраќајот ќе се одвива непречено и нормално во сите ленти.

Се апелира до сите возачи кои планираат ноќно патување да ја прилагодат брзината, да ги следат сообраќајните знаци за пренасочување и да предвидат дополнително време за минување низ Солун поради можен зголемен сообраќај во центарот на градот.