Внимавајте - Летаат казни за несовесните возачи низ Скопје, не се штедат ниту пешаците

Полицијата е на секоја страна низ Скопје. Летаат казни и за возачите и за пешаците. Бидете внимателни, почитувајте ги правилата.

Вчера полицијата беше со полни раце работа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци меѓу кои 28 возачи за движење со брзина поголема од дозволената, двајца возачи за возење под дејство на алкохол, тројца возачи за поминување на црвено светло на семафорот и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки.

Полицијата санкционирала и 18 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, 52 непрописно паркирани возила и 32 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјално возило „пајак“ отстранети се 81 непрописно паркирани возила.