Внимавајте кога нарачувате преку Фејсбук, тетовец останал и без пари и без производ

Измамите преку социјалните мрежи станаа секојдневие. Затоа на граѓаните им се препорачува кога нарачуваат нешто да внимаваат од кого и што купуваат. Ова на своја кожа го почувствувал 53-годишен тетовец кој пријавил дека бил измамен од правен субјект со седиште во Штип.

„Вчера во 12.10 часот во СВР Тетово, 53-годишен тетовец пријавил дека бил измамен со 9.900 денари од правен субјект со седиште во Штип. Тој со одговорните контактирал преку социјална мрежа и преку мобилен телефон и од нив нарачал производ, кој откако му бил доставен забележал дека не соодветствува со нарачаниот. Според пријавеното, тој го вратил производот со цел да му го заменат, но ниту го добил тоа што го барал, ниту успеал да воспостави повторна комуникација со одговорните“ стои во билтенот на МВР

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.