Внимавајте кога купувате новогодишни пакетчиња

Новата Година за младите е најлуда ноќ во годината, постарите ја дочекуваат во семејна атмосвера, додека за децата тоа е период на радост кога едвај чекаат да го земат новогодишното пакетче во свои раце.

Со оглед на новогодишната еуфорија, важно е да ве потсетиме да внимавате што и каде купувате, бидејќи овој период трговците се обидуваат да продадат се, па неретко се случува да се најде и нешто со поминат рок.

Она што е најважно е секако да се види датумот на пакетчето, а важно е и тоа да биде прилагодено на возраста. Па, ако сакате да ј направите Новата Година незаборавна можете и сами да направите пакетче.

Ако правите сами пакетче ви препорачуваме да ставите чоколади, гумени бонбони, некоја сликовница, играчка, лижавчиња, природни сокчиња.