Внимавајте какви фотографии објавувате на друштвените мрежи, си го загрозувате животот

Ако сакате да се заштитите себеси и своите најблиски, треба да се создржувате од објавување на одредени фотографии на друштвените мрежи.

Инстаграм е преполн со фотографии од авионски карти и пропусници на пресреќни патници кои на друштвените мрежи сакаат да го забележат секој дел од своето патување. Избегнувајте го тоа, бидејќи ако имате јавен профил некој може да дојде до точна информација за вашата моментална локација и да ви напакости. Истото важи и за хакерите кои врз основа на шифрите за резервација можат да дојдат до бројот на вашиот телефон, датумот на раѓање или податоци за пасошот.

Било какви фотографии поврзани со финансиската ситуација - паричник, кредитни картички, извод од банка ли банкомат, било каков податок врзан со вашата финансиска ситуација никако не смее да биде фотографиран.

Фотографии од деца, особено оние кои не се ваши - никогаш не објавувајте туѓи млолетни деца без дозвола на нивните родители или старатели. Повеќето родители сакаат да имаат целосна контрола над тоа, со полно право, особено кога станува збор за бебиња или мали деца. Интернетот е преполн со предатори и тоа е прчина да бидете внимателни кога објавувате такви фотографии.