Внимавајте како и затемнувате стаклата, еве колку возачи се казнети поради неправилности

Во период од само една недела, односно од 25.07.2022 до 31.07.2022,  Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена контрола за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, при што санкционирани се 15 учесници во сообраќајот.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР информираат дела засилените акциски контроли ќе продолжуват и во наредните денови.