Внимавајте и на фискална се краде

Дали сте забележале во продавница, пекарница или слаткарница, кога е побарате сметка, продавачот или келнерот од прва да го каже износот? А кога ќе ви донесе келнерот сметка, забележувате ли дали е фискална сметка или нефискален исечок и дека на него може да пишува дека ако не добиете фискална сметка, имате право да не ја платите услугата?

Токму на овие начини некои трговци и угостители се обидуваат да нѐ измамат, објавија српските медиуми врзо онова на истражување спроведено на теренот. Србија сѐ уште ја спорведува фискализацијата, за разлика од Македонија, каде што овој процес е завршен.

Неиздавање сметка

Не е спорно дека искусен келнер може да запомни што сте нарачале и врз основа на тоа да го каже износот, но е должен да издаде фискална сметка.

Издавање меѓусметка

Во кафулињата и рестораните често добивате нешто што личи на фискална, но не е. Тоа е само нарачката, која е забележана некаде и на газдата му служи за своја евиденција на прометот.

Фискална сметка за повеќе употреби

Купувачите често не ги земаат сметките, но затоа угостителите и продавачите го прават тоа. Откако ќе ја оставите сметката, угостителот може да ја употреби повторно, зашто голема е веројатноста и некој по вас да нарача нес-кафе и кока-кола, на пример. Сметката на прв поглед е исправна, па ако не го проверите датумот и времето, нема да ја забележите малверзацијата.

Затоа е важно да ја земете фискалната сметка. На тој начин продавачот и угостителот ќе мора да го платат ДДВ, исто како што вие сте го платиле пресмтаниот ДДВ на сметката.

Како да препознаете која сметка е фискална, а која е лажна

Фискалната сметка требада го содржи означениот квадрат, мора да има јасни податоци за самиот трговец, угостител и сл., т.е. полн назив на даночниот обврзник и објектот, адресата на објектот и даночен број. Ако ги нема овие елементи, се работи за исечок кој доаѓа од нефискализирана каса.