Внимавајте: Бугарки крадат паричници на Бит-пазар

СВР Скопје  поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против лицата две Бугарки поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 18 000 денари.

Пријавените го извршиле делото на 1.09.2018 година околу 13:30 часот на ул. 192 во пазарот Бит-пазар. Тие ги  искористиле метежот и невниманието на оштетената, при што едната Бугарка се туркала во неа за да ѝ го одвлече вниманието, а другата го отворила патентот од чантата и одзела женски паричник во кој имало 240 евра, 2 400 денари и лични документи. Лице кое било присутно во пазарот го забележило настанот и пријавило во полициска станица. По преземени мерки, пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Бит-пазар.