Внимателно при планирање: Волци забележани во близина на Средно Водно

Во населбата Средно Нерези во Скопје синоќа волци влегле во дворови на жителите пришто задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош.

Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби.

Општина Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно. Ова не е прв пат во Општина Карпош „на гости” од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението.

На социјалните мрежи граѓани сведочат дека во неколку наврати, во близина на детското одморалиште забелажале звуци како диви животни ги кршат гранките од шумат, велат дека голема е веројатно дека станува збор за диви волци.

Според ловците, волци се појавуваат од време на време во потрага по храна и на места каде што има смет и напаѓаат кучиња скитници или други животни. Во ова подрачје на Водно е забранет лов за кој е потребна посебна дозвола што ја издава Министерството за земјоделство и шумарство.