Внатрешниот мир започнува кога не им дозволувате на другите да го раководат вашиот живот

Вашиот внатрешен мир започнува во истиот ден кога ќе престанете да им дозволувате на другите да раководат со вашиот живот. Кога вашите чувства не можат да бидат изманипулирани на основа на нездрави убедувања и туѓи потреби. Тоа чувство на мир е знак дека сме избрале вистинска навика. Тоа е јасен доказ и благодарение на него имаме гаранција дека уживаме во добра физичка и психичка рамнотежа. Мораме да знаеме како да управуваме со чувствата кои ги имаме за себе, да избегнуваме реакции на провокации. Кога живееме потчинети на туѓите очекувања, ние им даваме приоритет на други луѓе, без да ги слушаме нашите реални потреби. 

И од тие причини, многу е важно да се донесат одлуки за себеси, затоа што само тој скок од мракот може да нѐ исполни со мир и произведува голема доза на храброст, одговорност и емотивна благосостојба. 

„Морам да бидам мирен за да ги прифатам работите кои не можам да ги променам, храбар и ентузијаст за да ги променам работите кои можам да ги променам и доволно мудар за да направам разлика помеѓу она што можам и она што не можам да го направам.“ (Рејнхолд Нибур)

Бидете објективни во своите битки

Бидете објективни во своите битки, затоа што понекогаш е поважно да имате мир отколку да бидете во право. Вашиот внатрешен мир не е предмет на преговори и зависи само од вас. Кога ќе кажете „ДОСТА“ морате да го слушате вашето срце, но кога еднаш ќе донесете одлука да се ослободите од притисокот на луѓето кои сакаат да управуваат со вас, морате да бидете одговорни и да го земете кормилото во ваши раце. За да го направите тоа, морате да ги имате предвид овие работи:

  • Не е лесно да се ослободите од несигурноста.

  • Секој процес на промени подразбира одредено ниво на непријатност која морате да ја толерирате.

  • Треба да знаете дека со започнување на потрагата по внатрешен мир, можеби ќе се соочите со многу различни патишта

  • Секогаш е добро да се тргнете од луѓето кои ве повредуваат. Но, постои уште едно прашање кое треба да се разгледа: физичката и емоционална далечина. Одвреме-навреме, невозможно е сосема да се одржува физичка оддалеченост, па затоа мора да го вежбате емоционалното оддалечување.

“Сите ти кажуваат што да правиш и што е најдобро за тебе. Никој не те остава на мир и не ти дозволува самиот да ги пронајдеш одговорите, тие сакат да го прифатиш за вистина она што тие ти го даваат.“

„Да погодам, вие сакате да верувам во вас.“

„Не, јас сакам да престанете со собирање на информации кои доаѓаат однадвор и да почнете да ги барате во себе. Луѓето се плашат од она што го чувствуваат, дури и ако тоа е единственото место каде ќе го пронајдат она што им е потребно.“

~ „Патот на војникот“

Оние кои го негуваат внатрешниот мир можат да пренесат мир на другите

Оној кој го негува својот внатрешен мир, му праќа мир и на остатокот на светот. Зошто? Затоа што умот е како вода: Кога е мирна, ја одржува убавината околу себеси. Но, кога е немирна водата, не е во состојба да го прави тоа. 

И ние луѓето сме исти: Не можеме да ги воспитуваме нашите деца ако ја изгубиме умереноста. Не можеме да водиме здрав живот и правилно да се однесуваме кон другите ако во нашиот умови има бура.

Од таа причина, важно е да се знае дека внатрешниот мир е една од најголемите вредности кои можете да ги поседувате.Тоа не значи дека мораме да ги поднесуваме сите работи со бесконечно трпение сѐ додека не експлодираме – трикот е во уништување на надворешните очекувања и почитување на она што навистина го сакаме. 

Исполнувајќи ги нашите сопствени желби и оставајќи го настрана она што е тешко, ќе дојдеме до посакуваниот внатрешен мир. Запомнете дека љубовта кон себе има граница која се нарекува достоинство, граница која не смее да се премине. Никој не е доволно важен за да му дозволите да раководи со вашиот живот!