ВМРО-ДПМНЕ во следните денови ќе одлучи дали ќе биде дел од техничката влада

 

Во следните денови ќе се знае дали ВМРО ДПМНЕ ќе учестува во техничката влада за организирање на парламентарните избори на 8 мај 2024 година. Според коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ премиер на таа техничка влада ќе биде Талат Џафери додека за претседател на собранието на Македонија ќе биде Јован Митрески кој моментално е на позиција координатор на пратеничката група на СДСМ

Според законот за влада ВМРО ДПМНЕ треба да предложи двајца министри и дополнителни заменици министри кои Собранието ќе ги гласа на 28 јануари односно 100 дена пред одржување на изборите. Она што му следува на ВМРО ДПМНЕ според пржинската влада се министри во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, додека а владеачките партии треба да предложат дополнително заменици министри во овие министерства. Од ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии, во Министерството за земјоделство и во Министерството за информатичко општество и администрација.

Според претеникот и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски органите на партијата ќе одлучат дали ќе се учествува во техничката влада но неговиот став е дека треба да се учествува во таков тип на влада од причина што само на тој начин ќе ги попречат сите незаконитости што ги прават СДСМ и ДУИ

-Ценам дека министер за внатрешните работи, труд и социјала и тројца заменици во земјоделие, финансии и министерство за информатичко општество и администрација би биле добар влог во зголемување на изборниот систем и намалување на малверзациите на СДС и ДУИ. Затоа што не е случајно што Бесими е шеф на изборен штаб на ДУИ, нему приоритет ќе му биде да создава прилики за ДУИ да го избере тоа министерство за финансии за изборни цели. ВМРО-ДПМНЕ ако учествува во техничка влада таму би имале заменик кој ќе се обиде тоа да го спречи, рече Милошоски.