ВМРО-ДПМНЕ ужива огромна поддршка на анкетите покажа истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници. Она што е интересното е што за прв пат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ после ДУИ.
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 27,2 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски. На второ место со само 5,3 отсто доверба е Али Ахмети, претседателот на ДУИ. По него следуваат Максим Димитриевски и Венко Филипче со по 3,6%, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%), Биљал Касами (0,7%), Зијадин Села (0,5%), Африм Гаши (0,2%).
Повеќе од 48 отсто од испитаниците не веруваат во капацитетот на новото раководство на СДСМ дека ќе ја обноват партијата, додека 18,4 одговориле потврдно на ова прашање.
На прашањето кога следните избори би се одржале утре, за која политичка партија би гласале, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди (Влен), за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%, за Левица 2,9%, за ЗНАМ 2,1%… Повеќе од 50 отсто од испитаниците на ова истражување одговориле дека не сакаат да одговорат, дека нема да гласат, дека се уште не се определиле и дека не знае за кого да гласа.
Анкетирањето било спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.