ВМРО-ДПМНЕ: Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово

Додека тие танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени. Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час. Заев и Спасовски задлабочени во танцот , заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановчани.

Република Македонија нема време за импровизации. Потребна е одговорна економска политика веднаш. СДСМ не ја познава економската логика и ја турка државата кон бездна.

Десетици илјади работници ќе останат без плата поради квази мерките на Владата, кои имаат за цел да носат политички поени на Заев, ама не и помош на фирмите.

Наместо квази мерки. Владата треба веднаш да изврши пренамена на средствата од вториот пензиски столб. Дополнително банките да издадат благајнички записи за државни обврзници.

Потребна е брза реакција. Веднаш!

Економијата нема време за чекање.

Луѓето не се експериментални глувци. Незнаењето на СДСМ создава паника и несигурност кај граѓаните.

Аматеризмот не смее да продолжи. Доколку СДСМ не знае, тука сме да помогнеме.