ВМРО - ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ цената на автопатот Кичево - Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

ВМРО -ДПМНЕ во соопштение вели дека на претходната влада на СДСМ и ДУИ како главен приоритет им било местење на тендери а не капиталните инвестции. Од владејачката партија го посочија автопатот Кичево - Охрид како главен пример

„Дека единствен приоритет на претходната влада на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид. Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали. Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.