Граѓаните на дело ја видоа неспособноста на Заев и неговите кадри, во овие сто дена од нивното владеење исполнети со понижувања, лаги и креирање хаос, истакна генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Имам задоволство да соопштам дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а централниот комитет ги усвои, покрај досега објавените кандидати и овие два канидати за градоначалници:
За Општина Аеродром станува збор за Ивица Коневски, актуелен градоначалник на општината и еден од најуспешните градоначалници во Македонија кој зад себе има стотици реализирани проекти, кој успеа да ја издигне општина Аеродром на ниво на најпосакуваната општина за живот не само во Скопје, туку и во Македонија, кој досега спроведе огромен број капитални инфраструктирни и комунални проекти, но кој во својата понуда и визија ќе има нови проекти кои се одговор на потребите на барањата на граѓаните на Аеродром.
За Валандово, Централниот Комите на ВМРО-ДПМНЕ го усвои предлогот од Извршниот Комитет, а тоа е господинот Николче Чурлиновски, актуелен градоналаник кој успеа да се докаже со својата посветеност и работа во интерес на граѓаните на Општина Валандово и кој поради низата дела зад себе како и досега и сега ја ужива најголемата доверба на своите сограѓани.
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ како од аспект на кандидати, така и од аспект на програма и проекти се гаранција дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес и во насока на реализација на потребите на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија знаат дека може да се потпрат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа гарантира продолжување на континуитетот на реализирани комунални и инфраструктурни проекти во нивната општина“, потенцираше денес Мицковски.