ВМРО-ДПМНЕ и денеска останува на улиците во знак на протест за како што велат од партијата невравдите кои се случуваат во државата.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги блокира следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај „Мавровка“;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.