ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници и денеска од 15 до 18 часот

ВМРО-ДПМНЕ ссопштува дека денес ќе изврши блокирање на четири крстосници во Скопје.

Од 15 до 17 часот блокирана ќе биде крстосницата кај Мавровка.

Од 15:30 до 17:30 блокада ќе има на крстосниците кај „Нова Македонија“ (Европска Комисија), пред Црвен Крст и кај Соборна црква.

-Ве известуваме дека ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните, информираат од партијата.