ВМРО-ДПМНЕ и денеска на протест - блокада на крстосници

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај „Мавровка“;

– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

-Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните, се додава во партиското соопштение.