ВМРО-ДПМНЕ денеска на предупредувачки протест за заштита на идентитетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на протест за одбрана на македонскиот идентитет.

Тој на својот Фејсбук профил објави дека протестот ќе почне денеска во 18 часот од СЦ Борис Трајковски до Владата. Поради пандемијата и запазувањето на здравјето на граѓаните протестот ќе биде со автомобили.

„Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме“, напиша Мицкоски на Фејсбук.