ВМРО – ДПМНЕ: Да не се забошотува случајот со Богоевски

Аферата Павле Богоевски и неговото тргување на црниот нарко пазар е многу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да го прикажат. Аферата има два суштински моменти:

Павле Богоевски е во центарот на вниманието по аудио материјалот објавен на интернет, по што постои јавно силно сомневање дека е корисник на наркотици односно психотропни супстанци. Павле Богоевски признава дека бил во контакт со криминалното подземје – имајќи предвид дека најмалку тргувал на црниот пазар за наркотици, кој што е воден пред се од криминални организации за кои постои можност да се силен безбедносен ризик.

Сето ова го доведува во прашање неговиот кредибилитет како пратеник во македонското Собрание. Но, тука не станува збор дали Павле Богоевски има само морална одговорност, туку работата е многу посериозна.

Павле Богоевски како пратеник е член на повеќе собраниски комисии каде има допир и увид во високо класифицирани државни и безбедносни тајни. Тој е дел од Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Павле Богоевски поседува Безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи кои се однесуваат:

На методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање но и Агенцијата за разузнавање.

Материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.

Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија.

Оттука, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел – што и се докажа со аудио материјалот објавен на интернет – да биде уценуван, поттикнат, или присилен, да сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар! Тоа е сериозен безбедносен ризик за државата. Тоа Павле Богоевски, како човек со диплома од Факултетот за безбедност, асистент и ментор во Полициската академија, добро го знае, и се уште изненадува но и остава огромен простор за сомнеж, зошто Павле Богоевски се уште инсистира да не се повлече од функцијата – пратеник, член на Комисијата за надзор на УБК и на Агенцијата за разузнавање, но и во Комисијата за одбрана и безбедност.

Патем, за да се членува во Комисијата за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање, Павле Богоевски мора да поседува Безбедносен сертификат, за кој што има пополнето Безбедносен прашалник, Образец А, кој дава најголеми овластувања, а во кој што има прашање кое гласи: Дали користите или сте користеле наркотици или психотропни супстанции. За точноста на одговорите во тој прашалник се гарантира со целосна морална, материјална и кривична одговорност.

Колку и да сака да се забошоти случајот, власта мора сериозно да пристапи кон аферата Богоевски. Се спротивно води кон сериозно намерно рушење на безбедносниот систем во Република Македонија.

Новинарско прашање: Денеска независната пратеничка група побара во Парламентот доброволно тестирање на пратениците и на другите вршители на јавни функции за наркотични средства? Како го коментирате ова? Дали имате изградено став? Дали да биде задолжително или на доброволно основа?

Одговор на новинарско прашање: Апсолутно е прифатливо и е нешто што и од ВМРО-ДПМНЕ има таква една идеја за таква иницијатива. Второ не е само што треба пратениците вака да се тестираат туку мора да бидат и проверувани особено оние пратеници коишто поседуваат, а има повеќе такви пратеници коишто и да не се членови на комисијата имаат право да добијат безбедносен сертификат и да имаат увид во државни тајни, во безбедносни тајни и многу важни документи за безбедноста и стабилноста во Република Македонија. Оттука мислам дека е една иницијатива којашто во моментов добива актуелност. Може да биде и доброволно, може и да биде и задолжително. Оној што ако на доброволно не се јави, апсолутно отвара дополнителни сомнежи такашто тоа ќе го оставиме за понатаму. Тоа е јасно дека во моментов се наметна како потреба да се направи едно такво испитување.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ