ВМРО-ДПМНЕ бара казна и извинување од Рашковски

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за, како што велат од партијата, демонстрираното беззаконие.

„Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на Рашковски. Дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите? Генералниот секретар на владата Драги Рашковски пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека за ваквото беззаконие институциите се уште молчат.

„Граѓаните прашуваат зошто за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие. Уште еднаш се докажа дека со Заев и СДСМ Македонија доби единствено хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се наведува во соопштението.