Влезниците веќе во продажба - Здравко Чолиќ во ноември со концерт во Скопје

Здравко Чолиќ оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје.

Организаторите, Прагма Продукција, со гордост најавуваат дека 10. ноември е датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации. Локација е Вип Арената Борис Трајковски.

По четири години од последниот концерт во Скопје, верната публика која со нетрпение го очекува својот миленик, во ноември ќе може да ужива во неповторливата ноќ исполнета со безвременските песни и дружење со исклучително харизматичниот Чола.

Влезниците се пуштени во продажба од 1. септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2.

new nike air max 2019