ВЛЕН: М-НАВ е пример за фамилијарна пирамида на ДУИ, се вработиле роднини на Груби, Османи, Незири, Буши

ВЛЕН преку соопштение велат дека ДУИ го претвориле М-НАВ во фамилијарна пирамида со вработени роднини на Груби, Османи, Незири, Буши. Од партијата додаваат дека повиците за „деалбанизација“ и „етничко чистење“ се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата, велат од ВЛЕН.

„Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалик за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на властта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата!

М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата!

Еве како ДУИ ги „заштитила“ Албанците, сместувајќи ги своите:

-Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководител на Архивот.

-Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководител на набавките.

-Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Халими.

-Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани.

-Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи.

-Арбин Весели – внук на Беким Незири.

-Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили.

-Самир Буши – син на Назиф Буши.

Дали ова е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ? Сигурно одговорот е едно ГОЛЕМО НЕ! Тие создадоа „фамилијарни претпријатија“ со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана.ВЛЕН ќе го демонтира овој трул систем и ќе донесе правда за сите Албанци“, се вели во соопштението на партијата.