Влегле со пиштоли - две вооружени кражби во Скопје

Две вооружени кражби се случиле вчера во Скопје. Првата се случила во 19 часот и 19 минути на улицата „Тале Христов“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ каде две непознати лица маскирани и вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво над еден вработен.

Тие одзеле околу 19.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот. 

Истата вечер во Скопје во 20 часот и 42 минути во продавница на Стокомак на булеварот „Партизански Одреди“, непознат сторител вооружен со пиштол и маскиран со плетена црна маска, извршил разбојништво и од вработените одзел околу 27.000 денари, а потоа го напуштил местото на настанот.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.