Македонскиот гитарист Влатко Стефановски вчера одржа соло концерт во театарот „Акцент“ во Виена.

Од Амбасадата на Република Македонија во Виена информираа дека концертот на Влатко Стефановски на нивна покана концертот го следеле повеќе претставници од дипломатскиот кор и од австриското Министерство за надворешни работи.

Стефановски имал и виртуозни изведби на обработки и импровизации на познати македонски народни песни и ора, а публиката со стоечки овации и бурен аплауз три пати го враќала на сцената.