Влатко Ѓорчев стана татко по четврти пат- се роди Катерина

Пратеникот Влатко Ѓорчев по четврти пат стана татко. Неговата сопруга Сузана, на свет ја донесе втората ќерка во семејството Ѓорчеви.

Во февруари 2010, неговата сопруга Сузана на свет ја донесе Марта, во април 2012 се роди Филип, а во јули 2013 се роди Никола. Катерина е четврто дете во семејството Ѓорчеви.

-Ни се роди Катерина. Прекрасна и едноставна, нежна и природна. Обична и посебна, своја и наша. Нека биде жива и здрава. Господ нека ја води и чува низ животот. Мајката и бебето се добри, а ние останатите сме многу среќни. Поздрав од Влатко, Сузана, Марта, Филип, Никола, и Катерина Ѓорчеви, вели среќниот татко.

Честитки до Влатко и целото семејство Ѓорчеви.