Власта вели дека просечната плата расте, но колку граѓаните го чувствуваат тој раст?

Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод најновите статистички податоци за порастот на просечната плата во јуни.

– Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот, пишува Заев во пораката на Фејсбук. 

Граѓаните воопшто не се сложуваат со ова. 

-Јас не почувствував никаков раст. Иста плата со години. Платата стои во место, а трошоците секој ден се зголемуваат. Цените растата, а платата е иста, вели Надица од Маџари.

-Да не се кредитите и можноста за минус од картичка, тешко дека ќе опстанеме. Дека платата се зголемува, е уште една приказна за деца. Веќе се научивме на тоа и не веруваме, додава Весна М. 

-Која плата? Онаа која ја земам 12.000 денари, па дел од неа да вратам на газдата назад?